ДЕТСКА КЛИНИКА ГО ДОБИ ЛЕКОТ „ВОСОРИТИДЕ“ ЗА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКАТА БОЛЕСТ АХОНДРОПЛАЗИЈА

    ДЕТСКА КЛИНИКА ГО ДОБИ ЛЕКОТ „ВОСОРИТИДЕ“ ЗА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКАТА БОЛЕСТ АХОНДРОПЛАЗИЈАДетската клиника побарала лекот да биде обезбеден за три пациенти, деца со џуџест раст. (Фото: К. Попов)

    На Детската клиника за првпат е испорачан лекот „восоритиде“ за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, соопшти Министерството за здравство.

    Лекот е клучен за третманот на болеста и влијае на поттикнување на развојот на пациентите со Ахондроплазија, болест која се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека лекот е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од самата клиника.

    За набавка на лекот обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира