Јавното обвинителство на Марко Зврлевски утринава соопшти дека будно ги следи настаните и дека во текот на вчерашниот ден воспоставиле вонредни дежурства по нападот на Собранието. Јавното обвинителство најави дека ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.
„Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи настаните. Во текот на вчерашниот ден беа воспоставени и вонредни дежурства. Надлежните јавни обвинители во континуитет се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи. Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите“, соопшти ова обвинителство.