ЏАФЕРИ ДАДЕ ПАУЗА ВО СОБРАНИЕТО ОТКАКО ДИМОВСКИ ПОБАРА КОМИСИСКА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

    ЏАФЕРИ ДАДЕ ПАУЗА ВО СОБРАНИЕТО ОТКАКО ДИМОВСКИ ПОБАРА КОМИСИСКА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски го покажува Деловникот на собраниската говорница. (Фото: М. Златевска)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од еден час на седницата на која што на дневен ред е и точката за Законот за употреба на јазиците. Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања да расправа дали може да се поднесуваат амандмани во оваа фаза.

    Џафери го одби неговиот предлог и премина на други точки од дневниот ред, по што ја даде паузата. Димовски, откако заврши со процедуралното обраќање од собраниската говорница, остана кај спикерот, а му се приклучи и новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

    Во собраниската сала беа присутни и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски. Опозициската партија поднесе над 35 илјади амандмани во третото читање на Законот за употреба на јазиците.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира