ЏАФЕРИ ГО ПРЕПРАТИ ПИСМОТО ОД СУДОТ ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ ДО ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНДАТНО-ИМУНИТЕТНАТА КОМИСИЈА

    ЏАФЕРИ ГО ПРЕПРАТИ ПИСМОТО ОД СУДОТ ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ ДО ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНДАТНО-ИМУНИТЕТНАТА КОМИСИЈАКомисијата во рок од 15 дена треба да закаже седница и да донесе одлука за мандатот на Груевски. - Никола Груевски; Павле Богоевски (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери го препрати писмото од Основниот суд Скопје 1 по правосилната пресуда за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски.

    Комисијата треба да одлучи дали ќе му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски поради направено кривично дело, односно дали поради тоа е недостоен за вршење на пратеничката функција. Тоа е еден од условите предвидени во собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.

    Комисијата потоа во рок од 15 дена треба да закаже седница и да донесе одлука за мандатот на Груевски. Одлуката на комисијата потоа се препраќа до Џафери, кој ја става како точка на дневен ред на прва наредна седница. За да се одземе пратенички мандат потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

    Засега не се знае кога ќе се состане комисијата.

    Груевски во петокот го прими упатниот акт да се пријави до 8 ноември во затворот во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира