Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев не сакаше да ја напушти говорницата, иако му беа исклучени микрофоните и беше повикано собраниското обезбедување.
Ѓорчев му пријде на Џафери и побара да се обрати процедурално, на што спикерот му кажа дека е пријавен за реплика и не му даде збор. Ѓорчев не го послуша Џафери и почна да зборува, по што Џафери му ги исклучи микрофоните и го повика обезбедувањето да го отстрани Ѓорчев од говорницата, по што неколку пратеници, исто така, излегоа на говорницата и го опколија нивниот колега.
Со исклучени микрофони, Ѓорчев побара закажување вонредна седница на Собранието за состојбата со депонијата во Струга.
Седницата продолжи по 20-тина минути.