Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина петтата седница на Собранието за извештајот на Агенцијата за администрација, на која што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ успејаа да добијат две паузи и таа воопшто не ни почна.
„Ја прекинувам петтата седница и ја закажувам наредната, осмата седница“, рече Џафери, со што ја приближи шестата седница, на која што на дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски.
Во 15 часот треба да продолжи осмата седница и во зависност од однесувањето на пратениците и обидите за блокада на Собранието, ќе зависи дали Џафери повторно ќе направи скок и конечно ќе го стави на дневен ред Зврлевски, се очекувањата на пратениците и на стручните служби овде во Собранието.
Во меѓувреме Џафери уфрли во 15 часот и седница за измени на Кривичниот законик за неможност да се препродаваат карти за Суперкупот, по скратена постапка, на барање на УЕФА.
С. К. ДЕЛЕВСКА