ЏАФЕРИ СО МУКОСКИ И АНЃУШЕВ ВО ДЕЛЕГАЦИЈАТА ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ

    ЏАФЕРИ СО МУКОСКИ И АНЃУШЕВ ВО ДЕЛЕГАЦИЈАТА ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМДржавната делегација ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, по што Џафери ќе има средба со папата Фрањо (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на 24 мај ќе ја предводи државната делегација на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“, во Светата столица во Рим.

    Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Џафери ќе биде придружуван од пратениците Крсто Мукоски, Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими и Ирена Стефоска, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, заменик министерот за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски и од директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски.

    „Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, по што Џафери ќе има средба со папата Фрањо и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. Претходно, ќе се одржи молебен во базиликата Сан Клементе, каде што делегацијата на Република Северна Македонија ќе положи венец на гробот на Свети Кирил“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

    Дел од годинашното чествување, македонската делегација ќе го реализира заедно со делегација на Бугарија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира