ДИК ДА СЕ БИРА СО ОБИЧНО, НАМЕСТО СО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, МУ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДАТА НА СОБРАНИЕТО

    ДИК ДА СЕ БИРА СО ОБИЧНО, НАМЕСТО СО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО, МУ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДАТА НА СОБРАНИЕТООд гласањето за ратификација на Договорот со Грција во Собранието. (Фото: К. Попов)

    Владата до Собранието достави предлог измени на Изборниот законик во скратена постапка со кои, неофицијално, предвидено е Државната изборната комисија наместо со двотретинско мнозинство да се бира со апсолутно мнозинство (61 пратеник). Со измените на законот се укинува предлог листата со канидати за ДИК да се разгледува на Комисијата за избори и именувања, со која раководи Илија Димовски. Таа надлежност се доверува на Комисијата за европски прашања, со која претседава Артан Груби. Листата со кандидати, претседателот на Парламентот доставува до политичките партии кои имаат рок од три дена да го информираат за своите предлози, по што се пристапува кон гласање во Собранието.

    Предлогот е поделен на пратениците на разгледување, но ниту пратениците од власт, ниту од опозицијата, не сакаат да ги коментираат предложените измени сè додека не ги разгледаат убаво.

    Премиерот Зоран Заев утринава најави дека утре попладне ќе има лидерска средба за деталите за референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат за договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија, односно за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира