ДИК ЈА НАМАЛИ БРОЈКАТА ЗА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА НА 89.383 ЛИЦА

    ДИК ЈА НАМАЛИ БРОЈКАТА ЗА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА НА 89.383 ЛИЦА

    Скопје, 22 март, 2016 – (META) Државната изборна комисија вечерва одлучи за 11.053 лица да го намали бројот на гласачи врз кои ќе се врши теренска проверка на избирачкиот список. По вечерашната седница, ДИК објави дека 89.383 запишани гласачи ќе подлежат на теренска проверка, иако пред тоа беше соопштено дека ќе бидат проверувани 100.436 лица.

    Намалувањето, како што велат од ДИК, се должи на тоа што дополнителната проверка покажала дека едно лице се јавува повеќепати по разни основи. До конечната бројка е дојдено по деталното прочистување. Сепак, административно ќе се проверуваат уште 107.660 лица.

    Комисијата соопшти дека добила 6.795 електронски пријави од граѓани за неправилности во избирачкиот список. Овие пријави ќе ги преземат експерти, кои ќе треба да проверат дали тие се појавуваат и во записите од вкрстената проверка на податоците. По деталната проверка ќе се утврди кои од пријавите ќе се проверуваат теренски, а кои административно.

    Подготовките за теренска проверка се во тек, а таа, како што соопштија денеска од ДИК, треба да почне кон крајот на неделава.

    Од Комисијата соопштија дека лицата кои за време на теренската проверка нема да бидат присутни, имаат обврска во рок од три дена да се јават во подрачните одделенија на ДИК. Сепак, од ДИК соопштија дека засега не се предвидени казни за лицата што ќе одбијат да ги дадат бараните информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари