ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ЈА ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРАТА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ, ДАЛИ ЌЕ ГО ДАДЕ ЗДРАВСТВОТО, ЌЕ КАЖЕ АКО СТАНЕ МАНДАТАР

    ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ЈА ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРАТА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ, ДАЛИ ЌЕ ГО ДАДЕ ЗДРАВСТВОТО, ЌЕ КАЖЕ АКО СТАНЕ МАНДАТАР„Јас не би можел да прејудицирам што ќе се случува на конгрес, кој што следува по избор на претседател“, одбегна да одговори најсериозниот кандидат за лидер на СДСМ и нов мандатар. (Фото: К. Попов)

    Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата. На прашање дали ќе биде продолжена рака на лидерот и премиер во оставка Зоран Заев, кажа дека тој со кандидатурата веќе поднел и своја програма, која има намера да ја спроведе ако биде избран, но со сопствениот интегритет и со свои одлуки.

    На прашање пак, дали среде пандемија би го дал Министерството за здравство на помала партија, со оглед на тоа дека се зборува оти Алтернатива го бара за да влезе во парламентарното мнозинство, Ковачевски кажа:

    „Првин треба членството на СДСМ да гласа внатре, на непосредни избори, по што ќе се одржи конгрес, на кој се изјаснуваат делегатите на партијата, и на кој се избираат и потврдуваат членовите на Централниот одбор, а кои потоа бираат членови на Извршниот одбор. Јас не би можел да прејудицирам што ќе се случува на конгрес, кој што следува по избор на претседател“.

    Ковачевски за кандидатурата на професорката Фросина Ременски, член на СДСМ за лидер, кажа дека тоа е демократијата во партијата. Ременски, исто така, денеска ја поднесе кандидатурата.

    Внатрепартиските избори за нов претседател на СДСМ се закажани за 12 декември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира