ДИМИТРОВ ОД ХОЛАНДИЈА ДОБИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ И ПОЧИСТ ВОЗДУХ

    ДИМИТРОВ ОД ХОЛАНДИЈА ДОБИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ И ПОЧИСТ ВОЗДУХПреку инвестирање во велосипедската инфраструктура се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и се обезбедува поздрава животна средина за сите граѓани“, Ван дер Плас, Димитров и холандскиот амбасадор Ваутер Пломп се повозији низ центарот на Скопје (Фото: СДК.МК)

    Директорот за европска соработка во МНР на Кралството Холандија, Матијс ван дер Плас Денес денес на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров му подари типичен холандски велосипед.

    „Во септември Европа ја одбележува неделата на мобилност, а со овој гест Димитров и Ван дер Плас испраќаат порака за подобрување на безбедноста и условите за возење велосипед во Скопје и останатите градови во Македонија“, соопштија МНР и Холандската амбасада.

    Министерот Никола Димитров живееше неколку години во Хаг како амбасадор на Македонија во Холандија и нему му е позната традиционално богатата велосипедска култура во Холандија.

    „Преку инвестирање во велосипедската инфраструктура се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и директно се влијае врз обезбедување на почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани“, изјавија ван дер Плас и Димитров.

    Тие рекоа дека со овој симболичен гест Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија преку својот пример и директна поддршка ќе продолжат да се залагаат за враќање на вело-културата во Македонија.

    Генералниот директор за европска соработка Матејс ван дер Плас денеска ја истакна одличната соработка што постои помеѓу Македонија и Холандија при неговата посета на Скопје, кога се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, соопшти Холандската амбасада во Скопје.

    ХОЛАНДИЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СИ ЈА ВРАТАТ ДОВЕРБАТА ВО ДРЖАВАТА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира