ХОЛАНДИЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СИ ЈА ВРАТАТ ДОВЕРБАТА ВО ДРЖАВАТА

    ХОЛАНДИЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СИ ЈА ВРАТАТ ДОВЕРБАТА ВО ДРЖАВАТАДвете држави имаат долга традиција на пријателски односи. - Министерот Димитров со гостинот од Холандија, Матејс ван дер Плас

    Генералниот директор за европска соработка Матејс ван дер Плас ја истакна одличната соработка што постои помеѓу Македонија и Холандија при неговата посета на Скопје, кога се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, соопшти Холандската амбасада во Скопје. 

    „Тој ја потенцираше важноста на националното единство, отчетноста и  владеењето на правото во овој процес, како и потребата да се врати довербата на македонските граѓани во политичкиот систем“, се вели во соопштението.

    Ван дер Плас, кој е и заменик-министер за надворешни работи на Холандија, потврди дека неговата земја ќе продолжи посветено да ја поддржува Македонија во исполнувањето на реформите, како дел од процесот за пристапување кон ЕУ и НАТО.

    Холандија и Македонија имаат долга традиција на пријателски односи. Холандија отсекогаш соработувала со сите политички партии и влади, бизниссекторот и со граѓанското општество, се во интерес на граѓаните на Република Македонија. Нашата политика на строгост и правичност значи дека сме строги во придржувањето до критериумите и дека сакаме да бидеме покрај вас како конструктивен партнер во интегративниот процес, откако сите неопходни услови ќе бидат исполнети“, рече Ван дер Плас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира