Вториот генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Фатон Ахмети денеска поднесе оставка од функцијата. Фондот има и генерaлна директорка, Магдалена Филиповска-Грашковска.
Ахмети, кој е кадар на ДУИ, својата оставка ја објави на Фејсбук, на албански и на англиски јазик, каде наведува дека ќе продолжи со неговата определба, „фокусирајќи се на партиските обврски, со максимална посветеност за реализирање на визијата на Али Ахмети“. Тој им се заблагодарува на колегите и сопартијците.
САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашања до Фондот која е причината за оставката и кога ќе се назначи нов директор, а од таму ни одговорија:
„Фатон Ахмети својата оставка ја образложи јавно, на социјалната мрежа Фејсбук. За тоа кога ќе биде назначено друго лице на оваа функција обратете се во Владата на РСМ бидејќи Владата ги назначува директорите на ФЗОРСМ“.
Од Владата нема коментар.
Б. НЕСТОРОСКА