Директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов – Дац денеска си поднесе оставка откако синоќа во сообраќајна несреќа, под дејство на алкохол, со возило удри пешак во скопската населба Кисела Вода. Министерството за култура потврди дека ја примило и ја прифатило оставката.
„Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н. У. Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац“, соопшти кусо Кабинетот на министерот Роберт Алаѓозовски.
Претходно денеска, Министерството за култура и Владата, кажаа дека лице кое сторило таков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.