„ДИВО НАСЕЉЕ“ ОДЛОЖЕНО ОТИ ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГИ ПУШТИ АДВОКАТИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СУДНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    „ДИВО НАСЕЉЕ“ ОДЛОЖЕНО ОТИ ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГИ ПУШТИ АДВОКАТИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СУДНИЦА

    Судскиот процес „Диво Насеље“, за настаните во оваа кумановска населба од 9 и 10 мај минатата година, денеска повторно се одложи, за 6 јуни, откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите и на новинарите да влезат во зградата на судот каде требаше да се одржи рочиштето.

    Од Врховниот суд немаше конкретно објаснување зошто на адвокатите и на новинарите не им е дозволен влезот. Оттаму само кратко телефонски рекоа дека ова судење го води Кривичниот суд и судската полиција на овој суд треба да го организира спроводот на странките.

    По шетање на новинарите од еден до друг влез на Врховниот суд тие останаа пред главниот влез, а во големата сала влегоа само обвинетите и двајцата обвинители.

    По околу еден час обвинителите излегоа од судот, а обвинителката Вилма Русевска рече дека рочиштето е одложено бидејќи судската полиција не ги пуштилa адвокатите да влезат. Таа информираше дека рочиштето е презакажано за 6 јуни.

    Адвокатот Мефаил Арслани изјави дека ќе бараат објаснување од претседателот на Основниот суд Скопје 1 зошто денеска не им било дозволено да влезат во Врховниот суд.

    „Која е играта што ја играат ние не знаеме. Имаме одговор дека денешното рочиште е одложено бидејќи адвокатите не се во судницата, но нам не ни беше дозволено да влеземе во судницата. За ова ќе бараме одговор од претседателот на Основен суд Скопје 1“, изјави Арслани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира