ДНЕВНАТА ЦЕНА ЗА ПРЕСТОЈ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ВО ГЕРИЈАТРИСКИТЕ ЦЕНТРИ ПОСКАПЕ ЗА 40 ДЕНАРИ

    ДНЕВНАТА ЦЕНА ЗА ПРЕСТОЈ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ВО ГЕРИЈАТРИСКИТЕ ЦЕНТРИ ПОСКАПЕ ЗА 40 ДЕНАРИЗголемувањето на цената е поради зголемените трошоци за живот, особено комуналните услуги, вели Болницата „13 Ноември“ во Скопје. (Фото: Википедија)

    Цената за престој на старите лица кои се наоѓаат на лекување и нега во геријатриските центри поскапе за 40 денари дневно, односно од досега 490 денари дневно на 530 денари, потврдува Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    До нашата редакција стигнаа поплаки од граѓани во кои се наведува дека во изминативе 6 месеци на два пати е зголемена цената за престој на старите лица во геријатриските центри, од 500 на 540 па на 620 денари. Граѓани реагираат дека се известуваат преку смс порака без објаснување, и дека не можат да добијат одговор од Министерството за здравство.

    „Од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ’13 Ноември’ Скопје информираат дека одлуката за зголемување на цената за општа нега, сместување и исхрана на пациентите е донесена врз основа на финансиска анализа за зголемените трошоци за живот, особено комуналните услуги, струја, вода, екстра лесно гориво за затоплување за потребите на сопствено парно греење и друго. Имено, цената не е 620 денари, туку истата е 530 денари дневно. Одлуката е донесена врз основа на наметната потреба од минимално зголемување на цената за 40 денари, за да се покриле трошоците за престој на едно лице во Установата“, ни рекоа од Министерството.

    Оттаму додаваат дека утврдената партиципација од Фондот за здравствено осигурување е останата непроменета согласно Одлуката на Фондот и изнесува 10 денари од ден.

    „Последната промена на калкулацијата била направена во 2012  и истата била непроменета до септември 2020 година“, вели Министерството за здравство.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира