До 10 часот на избирачките места за избор на претседател гласале 6.05 осто или 80.569 од запишаните избрачи. Од Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција утрово кажаа дека до сега изборниот ден се одвива мирно и без инциденти.
Во Општина Боговиње едно гласачко место било отворено со еден час задоцнување, а на едно избирачко место во Општина Студеничани гласањето денеска нема да се одржи бидејќи и по доцнење од три часа не е почнато.
Најголема излезеност има во Општините Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Новаци 10,63 отсто и Демир Хисар 10,12 отсто.
Најмала излезеност до 10 часот има во Општините Липково 0,79 отсто, Боговиње 1,79 отсто, Долнени 1,85 отсто, Желино 1,82 отсто и Пласница 1,58 отсто.
Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.
А. АНТЕВСКА