ДО 11 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 13,69 ОТСТО ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ И 12,87 ОТСТО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ

    ДО 11 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 13,69 ОТСТО ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ И 12,87 ОТСТО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕЗа парламентарните избори, најголем е одзивот во општина Кривогаштани (28,38%), а најмала во општината Врапчиште (5,2%). - ДИК (Фото: СДК.МК)

    Одзивот на гласачите за парламентарните избори е 13,69 отсто до 11 часот, а за претседателските е 12,87 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на втората денешна прес-конференција.

    Како што кажаа од ДИК, најголема излезност за претседателските избори има во општина Пробиштип (27,85%), а најмала во општина Липково (1,76%). За парламентарните избори, најголем е одзивот во општина Кривогаштани (28,38%), а најмала во општината Врапчиште (5,2%).

    „Во споредба со парламентарните избори во 2020 година, имаме зголемување на излезноста за 2,69 отсто“, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

    Денеска се одржуваат 7. претседателски и 11. парламентарни избори. Право на глас имаат 1.814.317 граѓани. Цензусот за претседателски избори е 40 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира