ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ТРЕБА ДА СЕ ОТВОРИ БАНКА ЗА ТКИВА И КОСКИ ВО МАЈЧИН ДОМ

    ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ТРЕБА ДА СЕ ОТВОРИ БАНКА ЗА ТКИВА И КОСКИ ВО МАЈЧИН ДОМНa oдбележувањето на Европскиот ден на органодарителство - 10 Октомври министерот за здравство Венко Филипче потсети дека за првпат во нашата земја се направи трансплантација на срце, во услови на пандемија од ковид-19. - Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска (Фото: Министерство за здравство)

    Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска рече дека започнале проект за отворање на Банка за ткива и коски и тој треба да се реализира до крајот на годината, нa oдбележувањето на Европскиот ден на органодарителство – 10 Октомври во Градски парк во Скопје. Таа кажа дека се работи и софтверски систем за срце, црн дроб и коски и ткива во склоп на Мој Термин, каков што веќе има за бубрези.

    „Одлучивме да ги зголемиме тимовите за трансплантација и бројот на болничките координатори. Се започна и со проект за отворање на Банка за ткива и коски кој треба да се реализира до крајот на годината. Се работи за просторија во која може да чуваме коски и ткива во објектот на Мајчин дом, каде успеавме да најдеме соодветна опрема и лица кои ќе се грижат за истата”, изјави д-р Мојсова и додаде дека во наредниот период се планира почесто говорење на темата за трансплантација и подигнување на свеста кај истата за разбирање на целиот процес.

    На одбележувањето, министерот за здравство Венко Филипче потсети дека за првпат во нашата земја се направи трансплантација на срце, во услови на пандемија од ковид-19, а потоа се направија и две трансплантации на бубрези.

    „За трансплантацијата на бубрези се направи електронска листа на чекање и софтвер за избор на потенцијални приматели на органи во ситуација кога има кадавер во системот на Мој Термин. Тоа значи дека секој пациент којшто е кандидат за трансплантација на бубрег има направено ХЛА типизација. Се направи листа на чекање на пациенти на кои им е потребна трансплантација на црн дроб, понатаму на коски и сето тоа е дел од таа национална листа за чекање, заедно со Националната листа на потенцијални приматели на срце и педијатриската листа на срце. Ова сето бараше еден мултидисциплинарен пристап и соработка од сите лекари специјалисти, од сите сфери“, кажа Филипче.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира