ДОГОВОРЕНИ И ЗАКОНИТЕ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ И ЗА СУДОВИТЕ, НЕМА ДОГОВОР ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ДОГОВОРЕНИ И ЗАКОНИТЕ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ И ЗА СУДОВИТЕ, НЕМА ДОГОВОР ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВОВласта ги прифати дел од амандманите поднесени од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на Законот за судовите и сите амандмани на Законот за судски совет.ВМРО-ДПМНЕ после 4 месеци бојкот, се врати во Собранието со гласањето за недоверба на владата на премиерот Зоран Заев на 16 април (Фото: М. Златевска)

    Власта и опозицијата ги договорија сите спорни детали за реформските закони од правосудството.

    На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи со заедниците, беа прифатени дел од амандманите поднесени од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на Законот за судовите и сите амандмани на Законот за судски совет.

    ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можат да се договорат за Законот за јавно обвинителство, односно на кој начин да се бира Јавниот обвинител. Опозицијата тој да се бира со двотретинско мнозинство и да го предлага опозицијата.

    Амандманите на законите за судовите и за Судски совет во Комисијата поминаа без дискусија.

    „Ние како претставници на опозцијата, интервениравме и за поздравување е демократската соработка во меѓупарламентарните групи на власта и опозицијата во однос на зголемување на основните за разрешување на судиите.“ , рече пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов.

    Оливер Ристовски, заменик министер за правда изјави дека откако  измените на законите ќе поминат на пленарна собраниска седница, ќе бидат испратени до Венецијанската комисија.

    „ Овие закони ќе бидат испратени до  Венецијанската комисија и ќе видиме што ќе се случи во јуни,  кога повторно ќе бидат разгледувани„ рече Ристовски.

    Власта и опозицијата предходно се договориле  и за дел од изборното законодавство. Договорено било функционирањето на Државната изборна комисија (ДИК).

    До септември, ДИК ќе функционира со претставници на политичките партии, со претседател од опозицијата, а мнозинство во Комисијата ќе има власта, како преодно решение. Од есен, ДИК ќе се биде стручно професионално тело во кое шест месеци пред избори, партиите ќе номинираат свои претставници.

    Власта и опозицијата од законите за кои е потребно двотретинско мнозинство ги изгласаа измените на Законот за заштита на сведоци, Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно технича агенција (ОТА).

    Партиите ги усогласуваат и ставовите за изборниот модел, новиот закон за аудио и аудио визуелни услуги, собранискиот деловник и етичкиот кодекс на пратениците.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари