Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг топло го поздрави, како што кажа, историскиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за името и ги повика двете страни да го финализираат договорот.Тој рече и дека со договорот се отвора патот на Скопје до членство во НАТО.
„Топло го поздравувам договорот помеѓу премиерот Ципрас и премиерот Заев за решение за спорот за името. Овој историски договор сведочи за многугодишна трпелива дипломатија и волја на двајцата лидери да решат спор кој предолго го засега целиот регион. Сега ги повикувам двете страни да го финализираат договорот постигнат од страна на лидерите. Ова ќе го стави Скопје на патот на членство во НАТО и ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан”, кажа Столтенберг.