ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ДО РЕФЕРЕНДУМОТ, КАЖА ЏАФЕРИ

    ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ДО РЕФЕРЕНДУМОТ, КАЖА ЏАФЕРИОдговарајќи на новинарско прашање, Џафери кажа дека истовремено со Договорот со Грција ќе биде објавен и од поодамна донесениот Законот за употреба на јазиците. - Собранискиот спикер Талат Џафери на брифинг со новинарите (Фото: СДК.МК)

    Пред референдумот, закажан за 30 септември, претседателот на Собранието Талат Џафери нема да го објави во Службен весник Договорот со Грција за името Република Северна Македонија за севкупна употреба. Тој вели дека ќе го чека мислењето на граѓаните.

    „Не е важно дали пред или после изјаснувањето на референдум ќе биде објавен Договорот со Грција. Ќе го чекаме референдумот, за да имаме соодветно мислење од граѓаните. Не треба да ги силуваме работите”, рече Џафери на денешниот брифинг во Собранието.

    Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека истовремено ќе биде објавен и од поодамна донесениот Законот за употреба на јазиците.

    „Ова и поради претседателот на Македонија. Не може указ по указ да му носиме”, рече Џафери.

    Указите за прогласување на Законот за ратификација на Договорот со Грција и на Законот за употреба на јазиците не се потпишани од претседателот Ѓорге Иванов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира