ДОГОВОРОТ ЗА КОНЦЕСИЈА Е ОД 2015 ГОДИНА, КОГА НЕ СУМ НИ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ БИДАМ ВИЦЕПРЕМИЕР, КАЖА АНЃУШЕВ ОТКАКО АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА НЕГОВА ХИДРОЦЕНТРАЛА

    ДОГОВОРОТ ЗА КОНЦЕСИЈА Е ОД 2015 ГОДИНА, КОГА НЕ СУМ НИ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ БИДАМ ВИЦЕПРЕМИЕР, КАЖА АНЃУШЕВ ОТКАКО АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА НЕГОВА ХИДРОЦЕНТРАЛААнтикорупциската комисија на денешната седница отвори постапка за фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ја поздрави денешната одлука на Антикорупциската комисија да отвори постапка за случајот „Тополки” и вели дека на тој начин ќе докаже дека договорот за концесија за изградба на хидроцентрала е добиен законски и без судир на интерес.

    „Сите постапки се започнати во 2015 година, во време кога не сум бил член на владата, ниту пак сум знаел дека некогаш ќе бидам, со што практично не сум можел никако да влијаам. Работата на Антикорупциска комисија само ја покажува исправноста во реформирањето на истата насочена кон бранење на јавниот интерес”, вели Анѓушев во писмената изјава до медиумите.

    Тој вели дека договорот за концесија е добиен и потпишан во мај 2015 година и добивањето  на земјиштето е во иста постапка како и за сите електрани и истото е добиено како резултат од добиената концесија, согласно постапка која е иста за сите концесионери и сите над 80 електрани што се изградени во државата во последните 10 години.

    Антикорупциската комисија на денешната седница отвори постапка за фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Антикорупционерите ќе истражуваат како е доделено градежно земјиште по пат на непосредна спогодба во Дреново за изградба на хидроцентрала.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира