ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО 19 ШКОЛИ, МОН ПРЕПОРАЧА НАСТАВАТА ДА ПРОДОЛЖИ ОНЛАЈН КОГА ЌЕ СТИГНЕ ДОЈАВА

    ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО 19 ШКОЛИ, МОН ПРЕПОРАЧА НАСТАВАТА ДА ПРОДОЛЖИ ОНЛАЈН КОГА ЌЕ СТИГНЕ ДОЈАВАИзминативе месеци учениците губат настава поради лажните дојави за бомби. (Фото: К. Попов)

    Закани за поставени бомби денеска до 9:30 часот стигнаа на електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно училиште во Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додаде МВР.

    Министерството за образование и наука (МОН) деновиве им препорачало на сите училишта, дека ако има дојава за бомба, наставата во текот на денот да продолжи онлајн за да не се губат часовите. Во дописот е истакнато дека на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на онлајн настава.

    Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира