Триесет и две школи во Скопје и едно во Прилеп утрово се евакуирани поради закани за поставени бомби.
„Денеска до 10 часот е пријавено дека на електронските адреси на 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите”, велат од МВР.
Вчера дојави за бомби покрај во школи имаше и во претседателската Вила Водно, во трговски центри и хотели. Сите дојави за бомби досега беа лажни.