ДОКТОРИТЕ ДАНИЛОВСКИ, ПАНОВСКИ И МАРКОВСКИ ОДБИЈА ДА ЧЛЕНУВААТ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, МИНИСТЕРОТ САЛИ НЕМА ДА ГИ МОЛИ

    ДОКТОРИТЕ ДАНИЛОВСКИ, ПАНОВСКИ И МАРКОВСКИ ОДБИЈА ДА ЧЛЕНУВААТ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, МИНИСТЕРОТ САЛИ НЕМА ДА ГИ МОЛИНе е период за молење и лични дискусии и други начини на покани. Сега е период да засукаме ракави и да се справиме со пандемијата, рече Сали. (Фото: К. Попов)

    Универзитетските професори д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски одбија да членуваат во Комисијата за заразни болести, откако вчера министерот за здравство Беким Сали ги покани со објава на Фејсбук.

    Министерот Сали при денешната посета на Детската клиника, не кажа дека и лично ќе ги повика тројцата доктори да членуваат во Комисијата.

    „Не е период за молење и лични дискусии и други начини на покани. Сега е период да засукаме ракави и да се справиме со пандемијата“, рече Сали.

    Тројцата професори се речиси секојдневно експонирани во медиумите и на социјалните мрежи со своите ставови за справување со пандемијата и главно ги критикуваат здравствените власти за неуспешни ковид политики.

    Министерот Сали влера во истата објава на Фејсбук најави дека ќе наскоро ќе формира нова Комисија за заразни болести „во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира