ДОЛГОТ НА КЛИНИКИТЕ КОН ЕВН Е НАПРАВЕН ВО КОВИД КРИЗАТА, КОГА НЕ МОЖЕШЕ ДОБРО ДА СЕ ПЛАНИРА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИ

    ДОЛГОТ НА КЛИНИКИТЕ КОН ЕВН Е НАПРАВЕН ВО КОВИД КРИЗАТА, КОГА НЕ МОЖЕШЕ ДОБРО ДА СЕ ПЛАНИРА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИКлиничкиот центар има 7 милиони евра долг за струја, кој ќе го плати државата. (Фото: К. Попов)

    Долгот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“  во Скопје за неплатена струја кон ЕВН е направен во изминатите две години, кога поради ковид пандемијата не можевме да организираме добро планирање на снабдување со сите сите потребни материјали и енрегенси, а секако и последната година е кризна со поскапената електрична и топлинска енергија, рече денеска министерот за здравство Беким Сали.

    Клиничкиот центар има 7 милиони евра долг за струја, а ЕВН најави дека ќе го исклучи ако не го подмири или донесе банкарска гаранција. Премиерот Димитар Ковачевски изминатата сабота кажа дека обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар.

    „Еден дел клиниките набавуваат електрична енергија директно од добавувачи, еден друг дел од клиниките набавуваат преку заеднички служби. Делот на заеднички служби, поради наталожениот долг во период на ковид пандемијата се соочува со отежнато функционирање во делот на финансиско менаџирање и нормално поради долговите кои се наталожени во сите клиники, они заостануваат во плаќање на долговите кон заедничките служби.
    Сега сме во фаза кога клиникте сите посебно договараат буџет за идната година со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и Фондот е запознаен дека ќе треба да најде начин како да се надополнат буџетите на овие клиники за да може да се подмират сите долгови кон добавувачите“, рече Сали по посетата на Клиниката за нефрологија, каде  го промовираше реновираниот хоспитален дел на површина од 650 квадратни метри.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира