ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ, ОДЛУЧИ СУДОТ

    ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ, ОДЛУЧИ СУДОТПоднесениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот е распореден кај совет за оценка на обвинителен акт, кој треба да закаже седница и да донесе одлука. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Кривичниот суд одреди мерка домашен притвор за шесте лица обвинети за сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци што се случи на 13 февруари, во која загинаа 16 патници. Основното јавно обвинителство вчера при поднесување на обвинението, побара судот да одреди мерка притвор за сите обвинети лица.

    „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје по разгледување на фактите и доказите во предлогот, донесе решенија со кои предлогот на обвинителството за определување мерка притвор го одби како неоснован, а ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена“, велат од Кривичниот суд.

    Од таму додаваат дека поднесениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот е распореден кај совет за оценка на обвинителен акт, кој треба да закаже седница и да донесе одлука.

    Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе обвинение против газдата на „Дурмо турс“, возачот на автобусот и уште 4 лица за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 38 беа повреди. За сите 6 обвинети Обвинителството бараше мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира