ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ

    ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕПратеникот и лидер на ДУИ Али Ахмети на денешната седница во Собранието. (Фото: М. Златевска)

    Со 69 гласа „за“, Собранието денеска го донесе новиот Закон за употреба на јазиците.

    Со овој закон, албанскиот јазик ќе се употребува рамноправно во сите општини и во органите на државната управа, на чело со Собранието и Владата. Пратениците на опозицијата не учествуваат во работата на Собранието.

    Претходно на седницата, професорот Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, се избрани за судии на Уставниот суд. Пратениците ги избраа денеска на седницата која што почна со 40-минутно доцнење, пак поради тоа што се чекаше кворум.

    Кадриу доби 68 гласа „за“, а за Костадиновски гласаа двајца пратеници помалку. Новите уставни судии имаат 9-годишен мандат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира