ДОШЛЕ ОД ШВЕДСКА ДА СЕ ВЕНЧААТ, ПА ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВО СТАН И ЈА ТЕПАЛ ДО САБАЈЛЕ – ОБВИНЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНИН НА БИХ

    ДОШЛЕ ОД ШВЕДСКА ДА СЕ ВЕНЧААТ, ПА ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВО СТАН И ЈА ТЕПАЛ ДО САБАЈЛЕ – ОБВИНЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНИН НА БИХОсновното јавно обвинителство го обвини државјанинот на БиХ за кривичните дела телесна повреда и противправно лишување од слобода (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против државјанин на Босна и Херцеговина за сторени кривични дела телесна повреда и противправно лишување од слобода, откако тој ја затворил својата сопруга во стан во Скопје и потоа со часови ја тепал.

    Во соопштението на Обвинителството се вели дека државјанинот на БиХ живеел со оштетената во вонбрачна заедница во Шведска, а во мај дошле во Македонија за да склучат брак.

    „Тие изнајмиле стан во Скопје, во кој околу 23 часот на 23 мај, обвинетиот ја заклучил оштетената, по што го фрлил клучот и ѝ ги одзел мобилните телефони, за да не може да бара помош. Потоа почнал да ја удира и турка. Поради дејствијата на обвинетиот, кои траеле до 5.30 часот наредното утро, оштетената се здобила со видливи повреди по телото“, велат од Обвинителството.

    На државјанинот на БиХ му беше одредена и мерка притвор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира