ДРАГИ РАШКОВСКИ ВЕЌЕ НЕ Е ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА, ПОТВРДИ ЗАЕВ

    ДРАГИ РАШКОВСКИ ВЕЌЕ НЕ Е ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА, ПОТВРДИ ЗАЕВKој ќе го замени Рашковски на функцијата сè уште не е одлучено.(Фото: Влада)

    Драги Рашковски веќе не е генерален секретар на Владата, потврди премиерот Зоран Заев. Рашковски си поднел оставка од функцијата пред месец и половина, а кој ќе го замени сè уште не е одлучено.

    „Драги Рашковски пред месец и половина си поднесе оставка од функцијата генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар на Владата, сè уште немаме донесено одлука кој ќе го замени Рашковски“, изјави денеска премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за доделување финансиската поддршка на 400 компании од третиот пакет на економски мерки, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека има работи за кои никаде во светот не се преговара.

    Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Рашковски беше избран за генерален секретар на Владата во јуни 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира