ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРАНСПОРТ ДОБИ 19 НОВИ ВОЗИЛА ВРЕДНИ 700.000 ЕВРА, ДОНАЦИЈА ОД ЕУ

    ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРАНСПОРТ ДОБИ 19 НОВИ ВОЗИЛА ВРЕДНИ 700.000 ЕВРА, ДОНАЦИЈА ОД ЕУДонацијата опфаќа 16 специјално опремени патнички возила, две возила за следење и специјално адаптирано комбе кое ќе функционира како мобилен контролен центар. (Фото: Министерство за транспорт и врски)

    Државниот инспекторат за транспорт доби нови 19 возила и опрема во вредност од 700.000 евра, донација од Европската Унија, со цел да се зголемат неговите капацитети за инспекциски надзор и контрола на патниот сообраќај. Донацијата денеска ја промовираа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

    Донацијата опфаќа 16 специјално опремени патнички возила, две возила за следење и специјално адаптирано комбе кое ќе функционира како мобилен контролен центар. Покрај возилата, обезбедени се и современ софтвер за следење на возилата, како и обука за инспекторите.

    Николоски кажа дека новата опрема ќе овозможи побрз и поефикасен инспекциски надзор, ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот и ќе ја подобри заштитата на патната инфраструктура преку контрола на прекумерната тежина на товарните возила, превозот на опасни материи и техничката исправност на автобусите што вршат јавен превоз.

    Тој најави дека во втора фаза се планирани дополнителни инвестиции за понатамошно унапредување на капацитетите и ефикасноста на Државниот инспекторат за транспорт.

    „Овој текст е изработен со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на овој текст е единствена одговорност на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира