ДУИ ИМА КВАЛИТЕТНИ КАДРИ И ЗА ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА, ВЕЛИ ГРУБИ

    ДУИ ИМА КВАЛИТЕТНИ КАДРИ И ЗА ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА, ВЕЛИ ГРУБИАртан Груби вели дека ДУИ има квалитетни кадри и за премиер, претседател и гувернер на Народна банка. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ДУИ Артан Груби вели дека нема пазар меѓу СДСМ и ДУИ неговата партија да ја добие гувернерската позиција во Народна банка затоа што го поддржува кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Груби кажа дека ДУИ веќе имала министри за внатрешни работи и за правда, па зошто не би можело да имаат и претседател, премиер или гувернер, бидејќи, како што рече, имаат квалитетни кадри.

    „Нема никаков пазар, туку се работи за концепт на консензуалност. Веќе имаме консензуален кандидат за претседател и со тој концепт е да се избегне мајоризација на втората страна во процесот. Знаете дека имавме министер за правда, министер за одбрана за внатрешни работи и зошто да не биде и премиер, претседател и гувернер. Господинот Ахмети кажа дека ДУИ има квалитетни кадри кои може да бидат на овие места, кои досега беа резервирани за една страна. Работиме на концептот. Во 2014 година имавме партиски кандидати, сега имаме консензуален. За нас не е битно само да учествуваме во натпреварот, туку и да победиме и на крај да се добие натпреварот“, рече Груби во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање дали Фатмир Бесими е нивниот кандидат за гувернер на Народна банка.

    Актуелната гувернерка на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска беше избрана во мај 2018 година и има мандат од седум години.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира