ДУИ ПАК ЌЕ АНАЛИЗИРА ВО МАЛА РЕЧИЦА ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

    ДУИ ПАК ЌЕ АНАЛИЗИРА ВО МАЛА РЕЧИЦА ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА СОБРАНИЕТОДУИ ќе бара решение како да помине изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието - лидерот Али Ахмети (СДК.МК)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети го свика централното претседателство на партијата  на кое треба да се дискутира за излезни решенија од блокадата на конституирањето на Собранието.

    Интегративците ќе бараат излезни решенија, но, како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК, посебно ќе ги анализирале последните изјави на движењето Беса кои се изјаснија дека нема да го поддржат Талат Џафери за претседател на Парламентот и дека движењето Беса ќе ги повлече  поtписите дадени на лидерот Зоран Заев за добивање мандат, ако СДСМ прифати условувања наместо да спроведува реформи.

    Парламентот веќе пет дена расправа, но точките на дневниот ред избор на собраниската Комисија за избори и именувања и на претседател на Собарнието никако да дојде на ред за расправа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира