ДУИ РЕШАВА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДАТА НА ДИМИТРИЕВ

    ДУИ РЕШАВА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДАТА НА ДИМИТРИЕВЦентралното претседателство на ДУИ повторно се собра да анализира ко што се собираше неброени пати во јануари и февруари (Фото: Зандон)

    На денешниот состанок на централно претседателство на ДУИ, кое веќе е во тек во седиштето на партијата во Мала Речица, ќе се расправа за повлекување на министрите на ДУИ од техничката Влада, велат партиски извори за „Мета“.

    Доколку централното претседателство донесе ваква одлука, актуелната Влада на преодниот премиер Емил Димитриев ќе остане без една третина од министрите.

    Тоа, според нивните пресметки, би значело дека треба да се формира нова влада под итна постапка.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска свика итен состанок на централното претседателство на кој ќе се бара излез од блокадата во Собранието, но ќе се расправа и за однесувањето на Беса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира