ДВА ЧАТАЛА ЗА СОБРАНИЕТО ВЕЧЕРВА, ЗАБАВАТА НА РАСКРСНИЦА МЕСТО ПРЕД „БЕКО“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДВА ЧАТАЛА ЗА СОБРАНИЕТО ВЕЧЕРВА, ЗАБАВАТА НА РАСКРСНИЦА МЕСТО ПРЕД „БЕКО“

    Шарената револуција ја почна забавата на раскрсницата кај ТЦ„Палома бјанка“ место пред пиолициската станица Центар. Полицијата не дозволува демнострантите да се доближат до „Беко“, но затоа тие почнаа да се забавуваат околу семфорите. Стојат на истото место каде што на почетокот на протестот на пат кон Собрание напишаа „Информативен разговор“ и нацртаа стрелка која води кон полициската станица Центар.

    Шарените револуционери вечерва го боеја Собранието со два чатала. Околу бојаџиите со запалени факели се скандираше традиционалната парола „Шутка не ти бега Никола“ па колоната се врати назад за забавата пред „Беко“.

    „Шарена револуција наместо шарена аболиција“ е пораката на големиот транспарент кој ја предводеше колоната која од СЈО тргна кон Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари