ДВА МЕСЕЦА СЕ ЧЕКААТ АНАЛИЗИТЕ ОД ГЕРМАНИЈА ЗА РЕАТА НА ХИРУРШКИТЕ САЛИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

    ДВА МЕСЕЦА СЕ ЧЕКААТ АНАЛИЗИТЕ ОД ГЕРМАНИЈА ЗА РЕАТА НА ХИРУРШКИТЕ САЛИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИХируршките сали во скопските клиники се затворени од 22 мај поради реа. (Фото: СДК.МК)

    Два месеца поминаа откако во Германија беа испратени примероци од компресорите во хируршките сали на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, а Министерството за здравство сѐ уште нема добиено извештај за анализите.

    Хируршките сали во скопските клиники се затворени од 22 мај поради реа, а министерот за здравство Арбен Таравари денеска рече дека барал информации до каде се анализите, но сѐ уште нема добиено извештај.

    На 16 јуни здравствените власти објавија дека е поништена постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ бидејќи не пристигнала ниту една понуда.

    Таравари денеска беше во Општина Илинден, на увид до каде е градбата на нова амбуланта, и одговарајќи на новинарски прашања кажа дека на последната седница на Владата е усвоена информацијата дека тендерот за нова компресорска станица треба да го распише Министерството за здравство.

    Според министерот, заради неопходноста од што побрзо набавување на компресорски систем, ќе постават услов да биде сѐ завршено за 3-4 месеци. Ако пак пропадне тендерот, ќе се бара начин да се најде изведувач и директно со него да се договорат.

    Хируршките сали се затворени поради хаварија на компресорскиот систем и за итните случаи на скопските клиники се поставени 6 надворешни компресори, оти така не се чувствува непријатната миризба. Тие служат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер на скопските клиники. Пациентите за неврохируршки операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а останатите во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира