ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

    ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈАУтринава југоисточна Турција ја погоди земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а набрзо потоа и уште еден од 7,5 степени. (Фото: ДПА)

    Двајца македонски ученици се повредени во силниот земјотрес во југоисточна Турција утринава, соопшти Министерството за надворешни работи. Двајцата ученици се дел од осумчлена група, која што заедно со наставник престојуваат во Турција преку програмата „Еразмус плус“. Повредените не се во животна опасност.

    „Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање, додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност“, соопшти МНР.

    Од МНР велат дека нашите дипломатски претставништва обезбедиле информации и стапиле во контакт со овие наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион и досега немаат информации за други наши државјани во таа област.

    По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.

    Од МНР додаваат дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

    Според Американскиот геолошки институт, земјотресот имал јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, а епицентарот бил кај градот Караманмараш, на длабочина од два километра.

    Бројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија надмина 1.500 и се стравува дека тој ќе биде многукратно поголем.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира