ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ, 17 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 460 ТЕСТИРАЊА, ОД КОИ 225 ТЕСТА СЕ СКРИНИНГ ЗА ГРАДИНКИ

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ, 17 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 460 ТЕСТИРАЊА, ОД КОИ 225 ТЕСТА СЕ СКРИНИНГ ЗА ГРАДИНКИВо изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 89 години, хоспитализиран од 4 мај, велат од Министерството за здравство. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72 години) починат на 13 мај во Градската општа болница „8 Септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

    Од Министерството велат дека во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.

    Направените 460 теста се преку: ИЈЗ –257, Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –8, Биотек -20, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со ПЦР метода -19 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.

    Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

    На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на  КОВИД-19. Оздравени се 16 пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.740, оздравени пациенти се 1.251, починати се 97, а активни случаи се 392.

    Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 592, активни 134
    Куманово – 413, активни 43
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-35, активни 1
    Прилеп –193, активни 63
    Тетово – 131, активни 68
    Струга – 69, активни 6
    Велес – 113, активни 49
    Битола –26, активни 7
    Охрид –17, активни 2
    Кавадарци – 5, активни 0
    Гостивар –19, активни 3
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 2, активни 0
    Крива Паланка- 6, активни 2
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 4
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 0
    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 1
    Делчево-1, активни 0
    Валандово -1, активни 1
    Виница – 2, активни 0
    Кратово-2, активни 2
    Берово-1, активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира