ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 194 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 194 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕДенеска Институтот за јавно здравје регистрираше 158 оздравени пациенти. - Инфективната клиника во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Двајца пациенти починаа, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 од 1.697 тестирања во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи, 77 се од Скопје, а останатите се од Куманово 9, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 11, Тетово 16, Струга 3, Велес 5, Битола 6, Охрид 2, Кавадарци 3, Гостивар 5, Гевгелија 1, Струмица 9, Крива Паланка 3, Радовиш 6, Кочани 10, Пробиштип 3, Берово 1, Валандово 3, Виница 3, Делчево 2, Свети Николе 5, Кичево 2 и Неготино 1.

    Во болнички услови починаа пациент од Прилеп (80г.) и Велес (54г.). Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 158 оздравени пациенти.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.977, бројката на оздравени пациенти е 14.959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 7025, активни 727
    • Куманово 1764, активни 181
    • Дебар 286, активни 31
    • Штип 1257, активни 51
    • Прилеп 684, активни 130
    • Тетово 1442, активни 146
    • Струга 672, активни 50
    • Велес 328, активни 32
    • Битола 309, активни 63
    • Охрид 428, активни 40
    • Кавадарци 239, активни 42
    • Гостивар 936, активни 89
    • Гевгелија 126, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 251, активни 149
    • Крива Паланка 110, активни 26
    • Радовиш 85, активни 21
    • Крушево 20, активни 1
    • Кочани 363, активни 162
    • Пробиштип 115, активни 22
    • Демир Хисар 61, активни 2
    • Македонски Брод 93, активни 8
    • Пехчево 44, активни 3
    • Берово 104, активни 32
    • Валандово 35, активни 24
    • Виница 114, активни 26
    • Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 25, активни 1
    • Свети Николе 352, активни 44
    • Кичево 328, активни 34
    • Ресен 164, активни 15
    • Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1697 теста се преку: ИЈЗ-588, ЦЈЗ Скопје-88, Авицена-360,  Биотек-158, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Систина со PCR метода -117, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-7, ГАК-11, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

     

    • Чаир – 56
    • Гази Баба – 85
    • Аеродром – 115
    • Карпош – 95
    • Центар – 105
    • Кисела Вода – 90
    • Ѓорче Петров – 53
    • Бутел – 29
    • Шуто Оризари – 17
    • Студеничани – 7
    • Сарај – 14
    • Арачиново – 5
    • Илинден – 32
    • Сопиште – 3
    • Чучер Сандево – 5
    • Петровец – 5
    • Зелениково – 2
    • Странец – 8
    • Нераспределен-1

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира