ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 74 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АКТИВНИ СЕ 456 СЛУЧАИ

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 74 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АКТИВНИ СЕ 456 СЛУЧАИОд Министерството за здравство велат дека двајцата починати се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на КОВИД-19 од направени 4.582 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

    Изминатите 24 часа се регистрирани две починати лица, еден од Скопје и еден од Кичево , а двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови.

    Направени се 4.582 тестови преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-350, Биотек-180, Систина-84, лабораторија Лаор-363, Синлаб-24, Ремедика-13, Плодност–30, Генеа–23, Никоб лаб-1.049, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.987.

    Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

    Според епидемиолошките анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 146, а потоа следуваат Тетово – 116 и Куманово 52.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира