ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО

    ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО„Две лица од патничкото возило 'ауди' се повредени во сообрачајната несерќа и веднаш се пренесени во Ургентниот центар на скопските клиники, каде е констатирано дека имаат лесни телесни повреди“, велат од МВР

    Во сообраќајна несреќа што денес околу 13.30 часот се случи во скопската населба Аеродром, двајца патници се полесно повредени.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека на крстосницата на булевар Јане Сандански со улицата Васко Карангелевски се судриле автомобил „шевролет спарк“ во сопственост на МВР и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички.

    „Две лица од патничкото возило ‘ауди’ се повредени во сообраќајната несреќа и веднаш се пренесени во Ургентниот центар на скопските клиники, каде е констатирано дека имаат лесни телесни повреди“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира