Двајца членови на Владата се под истрага за корупција, рече денеска премиерот Зоран Заев на панел дискусијата на Самит „Македонија 2025“, објави агенцијата Макфакс.
Премиерот не сакаше да ги каже имињата на владините функционери ниту да открие детали околу тој случај.
„Истрагата е покрената врз основа на пријава на граѓани. Работат само два месеци и веќе се под истрага. Повеќе детали не можам да кажам“, рече Заев.