И ДВАТА ЗАКОНИ НА ОПОЗИЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ ЗА МНОЗИНСТВОТО, МУ ОДГОВОРИ ТУНТЕВ НА МИЛОШОСКИ

    И ДВАТА ЗАКОНИ НА ОПОЗИЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ ЗА МНОЗИНСТВОТО, МУ ОДГОВОРИ ТУНТЕВ НА МИЛОШОСКИТомислав Тунтев од СДСМ кажа дека двата предлог закони на опозицијата не се прифатливи од аспект на големината на сумите и од аспект на владината политика (Фото: СДК:МК)

    Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев му одговори на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарното мнозинство нема да ги поддржи двата предлог закони на опозицијата, за кои што опозицискиот пратеник побара од власта да избере еден да го прифати. Станува збор за предлог законот за покачување на платата на јавната администрација за 5% и предлог законот за издавање ваучери за компјутери на студентите од износ од 300 евра. Тунтев кажа дека двата предлог закони не се прифатливи од аспект на големината на сумите и од аспект на владината политика.

    „Од Министерството за финансии, односно Владата, добивме мислење за трите закони предложени од опозицијата, тоа беа три закони по скратена постапка, за покачување на платите во администрацијата, ваучери за студентите и за извршување. Двата предложени закони, за кои што денеска се бара согласност од нас, за покачување на платите и за ваучерите, не се прифатливи, од аспект на големината на сумите и од аспект на владината политика, бидејќи таа материја, во однос и на ваучерите и во однос на платите, се регулира со други политики на Владата и со други закони кои што допрва доаѓаат на дневен ред. Во однос на законот за извршување, се обидовме да бидеме конструктивни и да делуваме со амандмани. Затоа сега, како парламентарно мнозинство не го разбираме ова ново барање или услов од опозицијата да се изјасниме дали ќе бидеме против еден од закноите, тоа не е добро. Со волкав број пријавени, очигледна е намерата да се одолговлекува дискусијата за законите за минимална плата, стечајци и за укинување на радиодифузната такса“, изјави Тунтев.

    Милошоски му реплицираше дека е добро да се знае дека, како што кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, власта нема намера да ги покачи платите на администрацијата и да им даде ваучери на студентите. За првиот од трите предлог закони на мнозинството, за минимална плата за работниците од текстилната и кожарската индустрија, за збор се пријавени 35 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира