МИЛОШОСКИ ПОБАРА МНОЗИНСТВОТО ДА ПРИФАТИ ЕДЕН ОД ДВАТА ЗАКОНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

    МИЛОШОСКИ ПОБАРА МНОЗИНСТВОТО ДА ПРИФАТИ ЕДЕН ОД ДВАТА ЗАКОНИ НА ВМРО-ДПМНЕПратеникотна ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски побара половина час пауза, за како што кажа, владејачкото мнозинство да се координира и да се изјасни кој од двата закони предложени од опозицијата им е прифатлив. (Фото: СДК.МК)

    На почетокот од денешната собраниската седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски побара од парламентарното мнозинство да прифати барем еден од двата предлог закона на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат опозицијата нема да прави проблеми за трите предлог закони на власта, кои што се на дневен ред.

    Тој побара половина час пауза, за како што кажа, владејачкото мнозинство да се координира и да се изјасни кој од двата закони предложени од опозицијата им е прифатлив. Станува збор за законот за покачување на платата на јавната администрација за 5% и законот за издавање ваучери за компјутери на студентите од износ од 300 евра. На предлог на мнозинството се законите за стечајци, укинување на радиодифузна такса и за минимална плата за работниците од текстилната и кожарската индустрија.

    „Ние како коалиција кажавме дека нема да правиме проблеми за овие три закони, бидејќи парламентарното мнозинство смета дека се за доброто на граѓаните. Но, исто така, и ние имаме два закана кои ни се особено важни, а мислиме дека се важни и за сите граѓани. Тоа се законите за покачувањее на платите на вработените во јавната администрација за 5% и законот за ваучери за студентите во износ од 18.600 денари. Владејачкото мнозинство, ќе замолам за половина час пауза, да се координира дали им е прифатливо да го поддржат законот за покачување на платите или повеќе им одговара законот за издавање ваучери за студентите. Барам половина час пауза владејачкото мнозинство да се изјасни кој од овие два закони, макар еден, е прифатлив за нив“, изјави Милошоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира