ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ СО НЕКОЛКУ ТЕШКИ ЗАБОЛУВАЊА ПОЧИНА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА, БИЛО ПОЗИТИВНО И НА КОВИД-19

    ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ СО НЕКОЛКУ ТЕШКИ ЗАБОЛУВАЊА ПОЧИНА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА, БИЛО ПОЗИТИВНО И НА КОВИД-19Детето било сместено кај згрижувачко семејство и како што информираат од Министерството за здравство на Клиниката било донесено во тешка здравствена состојба.(Фото: СДК.МК)

    Двегодишно дете со долга историја на болести и позитивно на ковид-19 почина на Клиниката за детска хирургија. Детето било сместено кај згрижувачко семејство и како што информираат од Министерството за здравство, на Клиниката било донесено во тешка здравствена состојба, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало.

    Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања. Пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.

    „Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура, но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала“, велат од Министерството за здравство.

    Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и тој бил позитивен. Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено две годишното дете кое почина на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

    Случајот со детето кое во тешка состојба од згрижувачкото семејство е донесено на Клиниката, пријавен е до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира