ДВЕТЕ СТРАНИ СЕ МНОГУ ПОСВЕТЕНИ НА НАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ, КАЖА НИМИЦ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО ВИЕНА

    ДВЕТЕ СТРАНИ СЕ МНОГУ ПОСВЕТЕНИ НА НАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ, КАЖА НИМИЦ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО ВИЕНАМедијаторот Нимиц најави дека процесот продолжува во наредните недели. - Од денешната средба во Виена (Фото: Твитер/МНР)

    Посредникот на ОН Метју Нимиц кажа дека денеска во Виена имал интензивна дискусија со македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, и дека преговорите за спорот за името ќе продолжат во наредните недели.

    По тричасовната средба, Нимиц кусо искоментира дека двете страни се многу посветени на наоѓање решение.

    „Ова беше интензивна дискусија. Двете страни се многу посветени на наоѓање решение, процесот ќе продолжи во наредните недели“, изјави Нимиц по средбата.

    Димитров и Коѕијас беа присутни кога Нимиц ја даваше изјавата, но немаа коментар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира