ЕДЕН ЗАГИНАТ И УШТЕ ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА ВО СКОПСКО ШИШЕВО

    ЕДЕН ЗАГИНАТ И УШТЕ ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА ВО СКОПСКО ШИШЕВООд МВР велат дека преземаат мерки и активности за расчистување на случајот. (архивска фотографија)

    20-годишно момче почина денеска како последица на повредите здобиени во престрелка што се случила ноќеска на влезот во скопското село Шишево. Во престрелката е повредено уште едно лице.

    МВР соопшти дека ноќеска околу 2 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од Шишево биле донесени со повреди А.А. (20) и Г.А. (36), исто така од Шишево.

    „Според пријавеното, тројцата се движеле со возило БМВ, а пред нив се движело возило Мерцедес, управувано од Е.Ш. од Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во Шишево возилото Мерцедес застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото БМВ.Е.Ш. и Г.А. излегле од возилата и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата ’Систина, каде А.А. починал“, велат од МВР.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира