ЕДНА ГОДИНА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ И ПРАТЕНИЦИ ДА ЗЕМААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА, РЕЧЕ СИНДИКАЛНИОТ ЛИДЕР ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕД ПРОТЕСТОТ НА ССМ

    ЕДНА ГОДИНА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ И ПРАТЕНИЦИ ДА ЗЕМААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА, РЕЧЕ СИНДИКАЛНИОТ ЛИДЕР ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕД ПРОТЕСТОТ НА ССМССМ бара зголемување на минималната плата на 500 евра и зголемување за 100 евра на платата на сите работнци. (Фото: Архивска фотографија)

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 12.05 часот ќе излезе на протест пред Собранието и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов кажа дека пред Собранието ќе речат дека не може да има за пратениците, а да нема за работници, додека пред Влада пораката ќе биде дека не може да се одлучува за работниците без работниците.

    Еве, подавам рака и давам предлог уште утре да се предложи закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и јас, ќе земаат минимална плата од 500 евра“, кажа Трендафилов.

    Тој кажа дека покрај зголемување на минималната плата на 500 евра бараат и зголемување за 100 евра на платата на сите работнци.

    Политиките кои ги водат креаторите се во погрешен правец, Владата е против работнциите и не се грижи за нив. Нападите кои ги прават деновиве против лицата од синдикатите, нема да им успеат. Се прават притисоци од директори по институции врз работниците кои се членови на ССМ да се префрлат во Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), им се делат на работното место пристапници“, рече Трендафилов.

    Според податоците од УЈП, 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 работници се под просечната плата од 43.000 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира