ЕДНИОТ ОД НОВООТКРИЕНИТЕ СТАНОВИ НА ГРУЕВСКИ БИЛ ОГРОМНА БИБЛИОТЕКА, ДРУГИОТ РАБОТЕН КАБИНЕТ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРАВИ ПОПИС ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ

    ЕДНИОТ ОД НОВООТКРИЕНИТЕ СТАНОВИ НА ГРУЕВСКИ БИЛ ОГРОМНА БИБЛИОТЕКА, ДРУГИОТ РАБОТЕН КАБИНЕТ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРАВИ ПОПИС ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТОвој денешен претрес во двата дополнителни стана на Груевски е во рамки на истрагата за плацевите на Водно. (Фото: СДК.МК)

    Еден од новооткриените станови на бегалецот Никола Груевски на улица Павел Шатев (Бихаќка) во Скопје, покрај постоечките два на име на мајка му Надежда, е на име на поранешна негова секретарка Т.С., дознава САКАМДАКАЖАМ.МК . Секретарката Т.С. е веќе сослушана во Обвинителството, изјавила дека станот не бил нејзин, неа само ѝ било дадено да потпише дека е нејзин.

    Друг стан во истата зграда, за кој исто така денеска истражители вршеа претрес, е на име на фирма „ИКТ Инженеринг“.

    Во едниот од овие станови Груевски, осомничен за купување плацеви и недвижнини на Водно, имал огромна библиотека. Другиот го користел како работен кабинет.

    Сите четири стана, двата на име на мајка му, на секретарката и на фирмата, биле со последователни броеви. Биле еден до друг. Два од нив се споени, дознаваме од станари, и зафаќале цел агол од зградата – комплекс на Бихаќка.

    Извори од истрагата велат дека денешниот претрес во новооткриените станови на избеганиот Груевски осуден, обвинет и осомничен за повеќе дела за организиран криминал, како и за организирање на крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017 година, се повеќе попис за конфискација во иднина. Тежината на кривичните дела за кои се гони, како и финансиската штета што и е сторена на државата, е од огромни размери, па ќе треба да ја обештетува по евентуалните осудителни пресуди против него.

    Овој денешен претрес во двата дополнителни стана на Груевски е во рамки на истрагата за плацевите на Водно купени, според Обвинителството, со пари на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои уредно си плаќале членарина.

    На име на мајка му, Груевски има уште два стана, во Аеродром и во Капиштец

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира